- reset +
Македонски
Home

GALA CONSTRUCTION SOFTWARE 2012

GALA2012 - integration of the leading 2D applications into the Bill of quantity and book of quantities/payment certificate. Full TakeOff and measuring, multi-monitor support. Watch the video.

Прашања и одговори

PDFПечатиЕ-пошта

Q. Да ли постои можност за незадолжителна презентација на програмот?
Секако. Тоа е она што секако го посакуваме. На таа презентација која е во траење од околу 1 час, нашиот преставник ќе Ви ги презентира сите можности на програмот, а исто така ќе поразговара со Вас за Вашиот начин на работење и  Вашите потреби.

Q. Дали е можно да се работи на одалечени локации (градилишта) со податоците од канцеларија?
Da. Ако работите со  ADSL, или со некоја картица од лап топ , можно е да внесувате на пр. дневна реализација, да направите ситуација, да направите складишни документи итн.

Q. Кои се основните предности на програмот?
Програмот е конципиран така да во прв ред е за секого разбирлив и едноставен за користење. Од друга страна, ги опфаќа сите битни подрачја кои се потребни така да корисникот би можел во што пократко време да изработи квалитетна понуда. Покрај основните работи како што се нормирање на ставките со употреба на готови норми, тука се и импортите/експортите од и кон  MS Excel-от (како  на пр. Експорт на комплетниот трошок на материјалот, внес на цените од страна на комерцијалната служба,како и импортирање на тие цени во веќе готов предмер (рекалкулирање).
Исто така, тука се и модули кои ќе Ви овозможат да испланирате потребно време за извршување на работата, да го следите планираните/потрошените/заверените количини, да направите ситуација со кликнување со глувчето итн. Посебно напоменуваме можноста за водење на проектот преку мрежниот план , кој сме го направиле во соработка со Градежниот факултет во Загреб.

Q. Како е решен изгледот на печатените  документи од програмот?
Програмот има интегриран дизајнер (designer) за извештаите. Така можете (покрај стандардните извештаи кои доаѓаат со програмот) и сами да ги менувате постоечките или да изработувате сосема нови извештаи.Покрај тоа, можете да добиете и податоци во облик на графикони, да печатите директно во  MS Excel, MS Word, PDF, HTML и останати формати.Исто така, секој извештај може да се испрати преку е-маил директно од апликацијата.  

Q. Дали е можно да се води складиште на материјал по одреден предмер?
Да. На складиштето е можно да се дефинира дали складиштето се води за одреден проект , за одреден предмер, или независно за било што (на пр. Централно складиште). Исто така можно е да се внесат неограничен број на складишта за проект/предмер или независно за било кој документ..

Q. Нашата фирма има специфични барања. Као да се реши тоа?
Во колку Вашите барања се од глобален интерес, односно постои веројатност да и на останатите наши купувачи  им се потребни, Вашите предлози се добредојдени. Ќе ги решите вашите потреби , а ние Вам за тоа ништо нема да Ви наплатиме, туку ќе Ве потикнеме и понатака да соработувате.

Q. Во книговодство користиме еден познат ERP состав. Да ли е можно податоците од GALA  да ги префрлиме таму?
Секако јавете ни се. Во стратешки интерес е да се поврземе со водечките ERP решенија во регионот.

Q. Како е решено планирање, односно пратење на реализација и трошење на ресурсите?

Преку изработка на планот за работа, со внесување на реализација на ставката (каде што автоматски се придржуваат ресурсите, операторот во секое време може да интервенира), како и при користење на мрежниот план. Внесените податоци се користат во градежната книга, при што се прикажуваат како потрошен материјал (издатница) во облик планирано-потрошено-заверено.

Q. Дали програмот  GALA е компатибилен со Windows 7 оперативниот систем (x32 и x64 верзии)?
Нашето решение е компатибилно со сите  Microsoft оперативни системи почнувајќи од  XP SP2 па нагоре, 32 i 64 bit.

Q. Дали е можно да се користи програмот во другите земји, освен во Хрватска?
Програмот има вграден модул за превод, како и опции за дефинирани различни стапки за ДДВ, логотипови, ознаки за видот на парите. Постои можност за креирање на ценовник во EUR, KM, DIN, ДЕН итн. Програмот е спремен за користење во било која земја.

Q. Колку корисници постојат во референтната листа?
До денес програмот го користат повеќе од 150 фирми, а најголемите корисници вработуваат повеќе од 500 работници. Држави во кои што програмот се користи: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Кувајт.

 

ШТО Е GALA SOFTWARE?

Програмско решение за градежната струка, кое што во потполност ги решава прашањата на орагнизација на претпријатијата, калкулации, планирања, контрола на трошоците, пресметка на изведените работи.

КОИ СЕ КОРИСНИЦИ?

Изведувачите на градежните работи, подизведувачи, проект менаџери, раководители на градилиштата, инвеститорите, фирмите за инженеринг...

ТИПОВИ НА ИНДУСТРИЈА

Градежништво(високо/ниско градба, завршни и занаетчиски работи, електро/водовод/лимарски работи...), челични конструкции, монтажни објекти ...