- reset +
Македонски
Home

GALA CONSTRUCTION SOFTWARE 2012

GALA2012 - integration of the leading 2D applications into the Bill of quantity and book of quantities/payment certificate. Full TakeOff and measuring, multi-monitor support. Watch the video.

Планирање

PDFПечатиЕ-пошта

Оперативен план
Одредување на работните активности како и избор на технологијата која ќе се применува е визуализиран и во секој момент Ви овозможува избор на најповолната варијанта. Изборот на најдобрата технологија за секоја активност на планот со помош на споредбените податоци за претходно планираните вредности, понудени и сега избрани.Подготовка на активности за гантограм.  Спојување и одвојување на активности во зависност од потребата за прикажување во Гантограмот. Со водење на проектите на тој начин се осигурува најдобар резултат на проектот.

Организација
Организацијата на активностите започнува со одредување на  WBS структурата. WBS (eng. Work breakdown structure) структурата може автоматски да се постави по видовите на работа во предмерот.  Во тој случај и активностите се автоматски придружени во WBS-от. WBS структурата може да се направи по сопствена желба. Овозможена е и хиерархиска структура на ставките од WBS-от, каде што е потребно активностите да се раздвојат на ставките на WBS-от.
Програмот сам го предложува оптималниот број на работници внатре во групата. На основа на нормите на групите на избраниот календар и количината на активности предложува времетраење на активностите. Можно е да се одреди подизведувач и неговата цена за секоја активност.

Гантограм
Гантограмот овозможува поврзување на активности и пресметка  по PDM метода (од зададениот почеток или крај на проектот) го пресметува траењето на проектот.
Во исто време хистограмот овозможува да се оптимизира користењето на ресурсите.
На основа на внесените податоци програмот го пресметува критичниот пат. Приказ на доцните датуми или датумите кога мора да се почне со извршување на активностите  за да проектот не доцни.

Известувања
- Планиран приход/расход по периоди, Преглед на потребните работници или машини по денови или по активности, Потребен материјал по WBS структурата или по временскиот интервал-креирање на нарачка.
Со бележење на реализацијата ги добиваме податоците за состојбата на проектот:
- Податоци за потрошени ресурси (Планирано – потрошено – требало да се потроши)
- Податоци на гантограмот и S – кривата за моменталната состојба на проектот – дали сме во спој со роковите.

S-криви
S кривите се могу моќен систем за водење на проектот. Пример: Избираме бетонски челик и сакаме да знаеме неколку работи: најраните датуми на вградување, најдоцните датуми, вистинските датуми.  S кривата се засновува на припремен  baseline(состојбата на проктите во моментот на подготовка) и тоа на најраните и најкасните датуми, и тие датуми се прикажани со сина или црвена линија. Зелената линија-реализација- се исцртува од потрошените количини, било да е од работниот налог или кумулативниот внес на трошоците и ја прикажува вистинска состојба  на вградувањето на тој материјал.                       
Печатењето на S-кривата може да биде на дневна или периодична база.Тоа значи дека корисникот добива информации:
- колку материјал треба да вгради во распон од најраниот /најдоцниот период,
- колку материјал е навистина вградено.
При тоа програмот ги пресметува дневните количини (на основа на датумскиот распон во кој е вграден материјалот), внимава на неработните денови итн.Засега програмот содржи S-криви: Реализација, тип на работници (Тесари,Ѕидари ...), материјали, машини, очекуван приход, очекуван расход – со дневни или периодични печатења на податоците.

Анализа
Во моделот на анализа се користат тродимензионални коцки – cube. Со брза промена на колоните на извештајот или со филтрирање на извештајот, корисникот може сам да направи на брзина извештај кој што му треба .Еднаш креиран изглед на извештајот може да се сними- како предлог или пак со податоци.Можно е да се постават додатни барања преку креирање на прашалници. Сите извештаи можат да се направат во Excel. Ад-хок известување по желба на корисникот.

 

ШТО Е GALA SOFTWARE?

Програмско решение за градежната струка, кое што во потполност ги решава прашањата на орагнизација на претпријатијата, калкулации, планирања, контрола на трошоците, пресметка на изведените работи.

КОИ СЕ КОРИСНИЦИ?

Изведувачите на градежните работи, подизведувачи, проект менаџери, раководители на градилиштата, инвеститорите, фирмите за инженеринг...

ТИПОВИ НА ИНДУСТРИЈА

Градежништво(високо/ниско градба, завршни и занаетчиски работи, електро/водовод/лимарски работи...), челични конструкции, монтажни објекти ...