- reset +
Македонски
Home

GALA CONSTRUCTION SOFTWARE 2012

GALA2012 - integration of the leading 2D applications into the Bill of quantity and book of quantities/payment certificate. Full TakeOff and measuring, multi-monitor support. Watch the video.

Организатор

PDFПечатиЕ-пошта

GALA organizatorОрганизатор – Проекти, Microsoft Outlook email, Дневник, Каледар, Белешки, Документација од градилиштето. Врска која го спојува оперативното и раководното ниво на раководење.
На пример кај проектите, веднаш се видливи и податоците за предмерите, плановите и ситуациите. Имаме преглед за Договорено, изведено, потрошено, пресметано- ни ги дава основните и најзначајните информации за состојбата на проектот. Корисникот може да дефинира за сите проекти или за избрани , кој податоци сака да ги види. Оваков Ад-хок преглед користи раководителот на проектот или менаџментот- во брз преглед на состојбата на проектот.
На проектот можат да се забележуваат и сите останати битни податоци:
податоци за договорот, градилиштето, решенијата и примопредавањата, испитувањата, гаранцијата, рекламациите.


Класификација на проектите
Класификацијата може да содржи кориснички дефинирани поими (на пр. Години или типови- договорени, во фаза на понуда итн.) со неограничен број на поднивоа. Исто така, на секоја класификација (ниво) може да се додели право на пристап.

Microsoft Outlook email
Составен дел на програмот е примање и испраќање на маилови со сите функционалности на Microsoft Outlook-a. Email пораките може да се користат како прилог или како подлога.

Email modul

Дневник
- телефонски повици, состаноци, известувања за информирање
Се раздвојуваат по категории кои што корисникот може да сам да ги дефинира. Секоја информација која се забележува се однесува на некоја од организациската структура и е видлива само на корисниците на кои им се доделени на таа организациската структура.

Задачи - Календар
Давање на задачи кои се врзани за поединечни вработени и за одреден проект. Задачите може да бидат рапоредени по произволен број на категории (Важно, Напомена, Патување ...). Овозможено е брзо пребарување и филтрирање.

Kalendar

Администраторот на системот одредува кој може и чии задачи да види. Главната функционалност е што сите задачи се забележани, така да на раководителите им е многу полесно да им доделуваат задачи на извршителите, а и да ги контролираат извршувањата. Извршителите многу полесно ќе се снаоѓаат при извршувањето на задачите и преку календарот ќе можат јасно да ги видат своите дневни, неделни или месечни задачи. Сите задачи остануваат забележани и се смалува ризикот на заборавање.

Белешки
Алат со кој секој корисник може себе си да се потсети за извршување на некои лични задачи или задачи за кои не сака да бидат видливи на другите.

Документи
Програмот овозможува стандардизација на документите на Градежната документација:
- Решение за именување на раководител на градилиштето, Личност или фирма одговорна за заштита при работа – решение, Решение за основање на градилиште, Атести, Барање за примопредавање, Записник за примопредавање, Гаранција и рекламација.
Сите документи кои се достапни во електронски облик може да се поврзат со проектот и на тој начин постои составен дел на проектот. Корисникот може да креира и создава нови текстуални документи (дописи, записи...) и да ги поврзе на одреден проект, предмер или на одрден деловен партнер. Постои можност и за скенирање на документи или преземање од веб камера.

Извештаи
Преглед на потребните ресурси за период на ниво на целата фирма. Преглед на работниците (часови по квалификации), број на работници, материјал (количина), машини (работни часови, број на машини). Графички приказ по денови, по ресурси, сите ресурси, за период.

 

ШТО Е GALA SOFTWARE?

Програмско решение за градежната струка, кое што во потполност ги решава прашањата на орагнизација на претпријатијата, калкулации, планирања, контрола на трошоците, пресметка на изведените работи.

КОИ СЕ КОРИСНИЦИ?

Изведувачите на градежните работи, подизведувачи, проект менаџери, раководители на градилиштата, инвеститорите, фирмите за инженеринг...

ТИПОВИ НА ИНДУСТРИЈА

Градежништво(високо/ниско градба, завршни и занаетчиски работи, електро/водовод/лимарски работи...), челични конструкции, монтажни објекти ...