Реализација – работни налози

Работни налози, градежен дневник, контрола на планираните и потрошените ресурси
Внесот на реализацијата е можен преку гантограмот или работните налози. Со внесувањето на реализацијата на работниот налог се генерираат податоци:
извршени активности, потрошени работни часови, потрошен материјал, потрошувачката на работните машини.При тоа програмот го пресметува траењето на активностите на основа на изведените количини и покажува ,,тренд“.
Излезни податоци:
Потрошувачка на работните часови, материјали и машини спрема планираното, реализација на активности спрема динамичкиот план, градежен дневник, работен налог, издатница за складишно работење, резултат од градилиштето.
Доколку таков начин на работа (дневен или неделен внес) не одговара на организацијата на фирмата, секогаш е можно да се внесуваат кумулативни трошоци на ресурсите и да се добијат информации за планираните количини и навистина потрошените количини. Голем број на извештаи (по работник, по проект , по датум,...).
Подизведувачи
Следење на реализација на подизведувачите по активности. Можност за импортирање на реализацијата на подизведувачите од MS Excel датотека (претходно експортирани низ организацијата).








