Брза, прецизна и прегледна изработка на предмер.
Со користење на предностите на новите технологии програмот овозможува брза изработка на предмер и понуда. Импорт на предмерот од Excel или брзо креирање на предмерот преку програмот, ќе Ви остави доста време за анализа на ставките и креирање на поволни понуди. Изработката на предмерот е флексибилна и задоволува различни облици на изглед на предмерот и ставките. За секоја внесена ставка е можно да се види анализа на цената на планираната заработка, како и трошоците за работа, материјалот и машините, а таков преглед се добива и на ниво на предмерот. Со промена на ценовникот или со примена на факторот можно е да се направи брза промена на цените , но и преку извештаите секогаш да ги контролирате ефектите на тие промени.
Основни можности
- Експорт и импорт на предмерот со ресурсите (нормиран предмер)
- Експорт и импорт на предмер од MS Excel
- Експорт и импорт на материјали – овозможува брза контрола на цените на материјалите и ажурирање на предмерите и ценовниците.
- Дефинирање на ценовникот за работа, материјалите, машините на ниво на предмерот
- Дефинирање на факторот на работата, материјалите и машините
- Можност за повеќе пати внесување на ставки (drag&drop од книгата за норми)
- Копирање на цел или дел од предмерот (видови на работа, ставки со анализа)
- Внесување на останатите трошоци (превоз, спиење на работниците)
- Drag&drop ставки од MS Office програми (Excel, Word)
- Drag&drop помошни анализи од книгата за норми
- Изработка на предмер од IFC датотеката (Autocad Revit, Graphisoft ArchiCAD, Tekla, Arcon, Nemetschek ...)
Подизведувачи
Комуникација со подизведувачите со помош на Excel таблица :
- споредба, контрола, избор на подизведувач, калкулирање со заработката, импорт во предмерот
Одредување на работните активности и избор на технологијата, одредување на WBS структурата, гантограм – пресметка на траење на активноста со помош на PDM методата, S-крива, бележење на реализација-рекалкулација на планот, извештаите (Планирано - Потрошено - Требало да се потроши - финансиски резулатати на проектот).








